дома Македонија Економија Ребалансот на буџетот утре на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот...

Ребалансот на буџетот утре на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит – најави Димитриеска-Кочоска

„Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно капиталните инвестиции. А, и во исто време имаме одредени корекции, на приходната страна, во делот на акцизата поради мерките што ги имавме во изминатиот период“, изјави денеска ресорната министерка одговарајќи на новинарско прашање

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска најави дека е планирано ребалансот на буџетот утре да се разгледува на владина седница, а од она што можеше да го сподели со медиумите, рече дека ќе има корекција на буџетскиот дефицит, односно негово зголемување.

Потребата од ваква корекција, како што наведе ресорната министерка, е поради зголемените потреби за финансирање на капиталните инвестиции.

„Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно капиталните инвестиции. А, и во исто време имаме одредени корекции, на приходната страна, во делот на акцизата поради мерките кои ги имавме во изминатиот период“,изјави Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање.

Генерално, како што појасни министерката за финансии, станува збор за зголемување на капиталните расходи за инфраструктура.

„Имаме зголемени капитални расходи во делот на Министерството за животна средина, имаме околу одредени ИПА-проекти, имаме зголемување за АА-програмата, така што утре во детали ќе информираме точно која институција колку дополнителни средства има за капиталните расходи“рече Димитриеска-Кочоска.

Прашана колку чинеле мерките за намалување на ДДВ и акцизите што траеја во изминатиот период поради ситуацијата со горивата, министерката рече дека акцизата треба да се коригира за околу 1,5 милијарди денари. Но, како што додаде, во моментов е тешко да се направат прецизни пресметки затоа што, рече, има и индиректни ефекти.

„Нашите пресметки покажаа дека некаде една и пол милијарда денари треба да ја коригираме акцизата. Но, мора да бидеме внимателни, затоа велам тешко е да се направат проекциите. Не заборавајте, во изминатиот период ја имавме најниската цена на нафтата во регионот. Се сеќавате дека редици автомобили со странски таблици точеа бензин во Македонија, што значи дека и покрај тој позитивен ефект намалуваме 1,5 милијарда. Кога не би било купувањето од странските лица, сигурно негативниот ефект би бил поголем, односно тоа е она што Владата го даде како поддршка на граѓаните и стопанството“рече Димитриеска-Кочоска .

 

ПредходнаВо среда интерпелација за Тошковски, четврток пратенички прашања
СледнаТетовец физички ја нападнал сопругата и мајката