дома Култура Изложба „Денови на инклузивна култура и уметност“ со над 80 уметнички дела...

Изложба „Денови на инклузивна култура и уметност“ со над 80 уметнички дела во Скопје

Изложба „Денови на инклузивна култура и уметност“ со над 80 уметнички дела во Скопје

  Во Скопје, денеска во 12:30 ч., „Абилитист“, со поддршка и домаќинство од „Рамстор мол“, ја отвораат, како што велат – најголемата групна уметничка изложба на уметници со попреченост во Македонија. Поставката е насловена „Денови на инклузивна култура и уметност“.

„Дојдете и откријте извонредни таленти, инспирирајте се од неверојатни животни приказни и придружете ни се во подигнувањето на јавната свест за способностите, креативноста и достигнувањата на лицата со попреченост. Бидете изненадени. Бидете инспирирани. Бидете дел од промената“, се вели во поканата.

Меѓу претставените уметници се: слеп фотограф кој доловува воодушевувачки моменти од планински врвови ширум светот; уметница која создава извонредни слики користејќи ја само устата; талентирано момче од аутистичниот спектар, од милост нарекувано „нашето мало Пикасо“; успешен графички уметник со церебрална парализа, чии дела биле изложувани на национално и меѓународно ниво; членови со Даунов синдром од здружението „Трисомија 21“, кои претставуваат впечатливи мозаици изработени од зрна, семки, школки и природни материјали; академски сликар со детска парализа (полио), чии дела ја слават креативноста, различноста и човечкиот израз.

 

„Повеќе од изложба, инклузивната уметност е прослава на дарбата, издржливоста, креативноста и неограничениот потенцијал на лицата со попреченост. Таа е и можност да се поддржи пошироко движење за инклузија, видливост и еднакво учество во културниот живот“, велат организаторите.

Оваа уникатна изложба, со повеќе од 80 уметнички дела, ги обединува творбите на шест исклучителни уметници со попреченост, кои преку уметноста споделуваат моќни приказни и ги предизвикуваат перцепциите за попреченоста, талентот и инклузијата.

Изложбата ќе биде поставена на првиот кат од Рамстол мол во Скопје.

ПредходнаМадона планирала да снима биографски филм во Србија: Еве зошто проектот пропаднал
СледнаЕУ на прагот на дигиталното евро