дома Македонија Мицкоски го информирал НАТО за објавувањето дипломатска нота за загрозување на безбедноста...

Мицкоски го информирал НАТО за објавувањето дипломатска нота за загрозување на безбедноста на неговото семејство од Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува позотивен развој на односите со Бугарија, Вели состојбата се радикализира, а како факт го посочува објавувањето на дипломатската нота во бугарски портали со која македонската Амбасада во Софија ги информира бугарските власти за престојот на сопругата на Мицкоски со синот во Пампорово.

– Сигналите што доаѓаат оттаму не ме прават оптимист, напротив, состојбата се радикализира. Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тридневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши паријатели, да речеме, во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква. Замислете сега ние да ги вадиме сите дипломатски ноти коишто ги испраќаат од нашиот источен сосед и практично во тие дипломатски ноти пишуваат работи коишто можеби исто така би биле интересни за јавноста. Така што вчера видов еден преседан, изјави денеска Мицкоски.

Објавувањето на вакви документи, според Мицкоски, значи загрозување на безбедноста на неговото семејство. За случајот, како што изјави, ги информирал НАТО членките.

 

ПредходнаРебалансот помина на Влада, буџетскиот дефицит зголемен
СледнаПентагон бара 80 милијарди долари за војната со Иран во услови на мировни преговори