дома Локално Изутринава топло, попладне пресврт

Изутринава топло, попладне пресврт

УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите низ Македонија. 16 степени се измерени на Попова Шапка, додека најтопло е во Гевгелија со 25 степени, како и Кавадарци и Велес со 24 степени утринава.

 

Поради влијанието на циклон кој се движи од подрачјето на Турција, денес низ земјата се очекува променливо и нестабилно време. Во повеќе региони ќе има врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. На одредени места временските непогоди може да бидат поизразени, со интензивен пороен дожд, силни налети на ветер и услови за појава на град. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 28 и 36 степени.

Во главниот град претпладнето ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Подоцна во текот на денот се очекува развој на нестабилни облачни маси кои ќе донесат дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе биде околу 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне до 33 степени.

ПредходнаСветски дипломати и експерти во Скопје на форум за мир и меѓународна соработка
СледнаСЛОЖНО: Левица, СДСМ и Европски фронт со над 100 амандмани за судската служба