дома Бизнис За прв пат од 2009 година, акциите на „Газпром“ паднаа под 100...

За прв пат од 2009 година, акциите на „Газпром“ паднаа под 100 рубли

Акциите на „Газпром“ паднаа за 5,82% на рекордно ниско ниво во понеделник, 22 јуни. Цената на акциите на гасниот монопол падна на 98,41 рубљи по акција (1,16 евра по акција) , според податоците на Московската берза. Последен пат цената на акциите падна под психолошката граница од 100 рубљи беше на 23 јануари 2009 година, потсети РБЦ.

„Берзата останува под притисок. Негативните вести поврзани со геополитиката се зголемуваат . Според мене, ова е еден од главните проблеми“, рече Јарослав Кабаков, директор за стратегии во финансиската групација Финам.

 Аналитичарката на „Фридом Глобал“, Наталија Милчакова, зборувајќи за понатамошната динамика на рускиот берзански пазар, забележува дека падот на цените на нафтата по отворањето на Ормутскиот теснец ќе стане уште еден битен и неизбежен  фактор на ризикот .
ПредходнаПукање во Монтреал: Тројца мртви, двајца повредени
СледнаСе крчка владината реконструкција, имињата познати до крајот на неделава