дома Македонија Политика ПРОТЕСТ! И со нова дозвола, а стари правилници „ТИТАН Усје “ќе го...

ПРОТЕСТ! И со нова дозвола, а стари правилници „ТИТАН Усје “ќе го труе и загадува Скопје

„Не“ за нова дозвола по стари правила, рекоа граѓаните на денешниот протестен марш во Скопје против издавањето на нова А-интегрирана дозвола на цементарницата „Титан УСЈЕ“. Маршот почна пред Собранието, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за животна средина, кое треба да издаде нова дозвола на цементарницата.

„Маршот е организиран поради сериозните недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата ‘Титан УСЈЕ’. Верзијата на барањето, која е објавена за увид, не само што не е подготвена според идните стандарди, туку содржи и помалку информации од постојната дозвола. Во документот се наведени гранични вредности за само три загадувачи, кои се идентични со оние од старата дозвола и се до осумпати повисоки од важечките стандарди во Европската Унија. Уште позагрижувачки е што целосно недостасуваат гранични вредности и обврски за мониторинг за едни од најопасните загадувачи – тешки метали, диоксини и фурани.

Станува збор за супстанции со сериозни последици врз здравјето на луѓето и животната средина, а токму нивните емисии се поврзуваат со согорувањето на алтернативни горива, за кои ‘УСЈЕ‘ во новата дозвола бара зголемување на количините за употреба, без во барањето да бидат предвидени соодветни мерки за контрола и мониторинг на овие опасни загадувачи“, рекоа од граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“.

И покрај над 700 страници поднесена документација, нема конкретни лимити за овие
загадувачи, нема обврска за потранспарентно мерење и известување за јавноста, ниту
нови механизми за заштита на здравјето.
Во програмата за подобрување се наведени седум мерки, дефинирани како активности
што „континуирано се спроведуваат“. Не е поставена ниту една конкретна цел, нема
рокови до кога треба да се реализираат мерките, ниту е наведено какво подобрување
треба да се постигне. Програмата е нејасна, недефинирана и повторно без конкретни
обврски и одговорност.

Од декември наваму бараме средба со Министерството преку сите можни канали – по
е-пошта, телефонски, преку Вибер, преку кабинетот на министерот, Беса Татеши и
службеникот за информации од јавен карактер. Наместо дијалог, добивме молк.
Министерството е тотално недостапно за граѓаните!
Нашите барања се јасни:
● дозволата да содржи конкретни и обврзувачки граници и рокови кои се во
согласност со актуелнтите европски Најдобри достапни техники;
● јавно и редовно објавување на сите мерења и емисии;
● конкретни корективни мерки за заштита на здравјето и животната средина.
Оваа дозвола треба да стане пример за идните А-дозволи. Во МК се издадени 140
дозволи од кои дури 42 се во Скопје

Министерот за животна средина Мухамет Хоџа на 20 јуни изјави дека новата А-интегрирана еколошка дозвола на цементарницата „УСЈЕ“ ќе биде обновена според новиот Закон за контрола на индустриските емисии, кој предвидува построги стандарди за заштита на воздухот и животната средина.

Од „Титан УСЈЕ“ денеска соопштија дека во март годинава до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднеле апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти.

„Компанијата строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и останува целосно посветена на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Компанијата со големо внимание ги следи сите законски промени и во меѓународното и во домашното законодавство и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се усогласи на регулаторните барања. Во изминатите 15 години компанијата инвестираше 29 милиони евра во модернизација и заштита на животната средина“, соопштија од компанијата.

Од „Титан УСЈЕ“ велат дека во изминатите години компанијата инвестираше значителни средства во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, вклучително и најсовремени системи за филтрација и независен систем за континуирано следење на емисиите.

„Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити“, додаваат од цементарницата.

ПредходнаБлокирани сме, Бугарија останува на своето. Гаши не ја убеди Доцова
СледнаСевастопол остана без електрична енергија по украинските напади