Министерот на внатрешни работи Панче Тошковски ја преживеа третата интерпелација во две години. Интерпелацијата ја поддржаа 19 пратеници, а против беа 58 пратеника.

Во текот на петчасовната расправа, опозицијата обвини за бројни пропусти и скандали за време на раководењето на Тошковски Обвинија за неефикасност, политизација во полицијата, зголемување на бројот на случаи на семејно насилство и фемицид.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на министерот посочувајќи дека за време на неговото раководење МВР има поголема ефикасност, разбиени се криминални групу и има намалување на криминалитетот.
Самиот Тошковски на почетокот на расправата и се обрати на опозицијата со оценка дека се работи за лаги и манипулации и порака дека се напаѓаат само оние кои што работат.
Интерпелацијата беше поднесена од пратенучката група на Левица и ова е втора нивна интерпелација за министерот за внатрешни работи. Една интерпелација за Тошковски има поднесено и ДУИ.




