Цените на нафтата продолжија да паѓаат денес, при што суровата нафта (WTI) се продаваше за 72 долари за барел, а суровата нафта Брент на 76 долари.

Цените се приближуваат до вредностите забележани пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, бидејќи зголемен број танкери продолжија да пловат низ Ормутскиот теснец поради напредокот во мировните преговори меѓу САД и Иран, објави Trading Economics.
Германскиот DAX падна за еден процент, московскиот MOEX за 1,20 проценти, францускиот CAC 40 за 0,06 проценти и британскиот FTSE 100 за 0,05 проценти.
Вредноста на еврото во однос на доларот денес е 1,135 долари.




