дома Македонија Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ни ја сопре помошта за...

Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ни ја сопре помошта за да прифатиме се

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница излезе со информација дека соседна земја шири теза Европската унија да и ги скрати сите фондови на Македонија за да бидеме принудени да ги прифатиме сите барања.
– Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македониј, да и се скратат сите фондови, зашто ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморена да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа што се бара од нив, рече Мицкоски.
Опасно, според Мицкоски, е тоа што оваа теза ја шири и опозицијата во земјава.
– А факт е дека оваа Влада ги сервисира сите обврски преземени од претходната влада. Не се чека ни ден, ни милиметар во која било област, дали е тоа Министерството за внатрешни воени работи, дали е тоа во одбраната или е тоа по некоја основа во другите ресори. Во Министерството за транспорт сега ги префрливме проектот за Коридорот 8 и 10Д, во Јавното претпријатие за државни патишта, железницата од коридорот 8 итн. Вклучително и оние обврски, како солидарниот данок, обврски коишто беа од претходната влада на начин на којшто јавноста следеше, практично се одземаа пари од компаниите, иако тврдевме дека е неуставно, дека ќе имаме проблем и тоа ние го враќаме, рече Мицкоски.

ПредходнаРазочарани и револтни родителите на загинатите во Пулс го напуштија судското рочиште
Следна„Не ѝ одговара на годините“: Облеката на Јелена Розга е предмет на дискусија на Инстаграм