дома Локално Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на MUNI EXPO во Тел Авив

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на MUNI EXPO во Тел Авив

 Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски го посетил MUNI EXPO во Тел Авив, еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи.

На настанот, на кој бил заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, присуствувале претставници на градови од светот, општини, институции и компании со можност да разменуваат искуства за тоа како локалната власт може да биде побрза, поефикасна и поблиску до граѓаните.

Ѓорѓиевски го посетил MUNI EXPO на покана на Државата Израел и амбасадорката на Израел во земјава, Вивиен Ајзен, и на Фејсбук објави дека е „особено значајно е да се видат израелските искуства во управување со податоци, дигитални услуги, комунални решенија и координација во кризни ситуации“.

 

 

ПредходнаВИДЕО: Земјотреси уништија хотел во Венецуела
СледнаФранција го сруши рекордот за температура, 72 департмани под црвена тревога