дома Свет Најмалку 188 загинати, над 1.500 повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела

Најмалку 188 загинати, над 1.500 повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела

Бројот на починати и повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела секојдневно се менува. Според последните податоци, најмалку 188 лица се загинати, а повредени се повеќе од 1.500 лица. Најмалку 200 луѓе се заробени под урнатините.

Најтешко погодени се Каракас и областите северно и западно од престолнината.

Властите во Венецуела прогласија вонредна состојба, а спасувачките екипи трагаат по луѓето заробени под рушевините.

Повеќе од 25.000 луѓе се пријавени како исчезнати.

Канцеларијата на Обединетите нации е целосно мобилизирана. Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации Том Флечер изјави дека веќе се координира брзо распоредување на тимовите за потрага и спасување од цела меѓународна заедница.

Предходна„Не ѝ одговара на годините“: Облеката на Јелена Розга е предмет на дискусија на Инстаграм
СледнаОд депонија во зелена оаза, во завршна фаза е мега паркот во Бутел