дома Локално Од депонија во зелена оаза, во завршна фаза е мега паркот во...

Од депонија во зелена оаза, во завршна фаза е мега паркот во Бутел

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски попладнево преку објава на Фејсбук се пофали дека при крај е изградбата на мега паркот во општина Бутел.
– Денес извршивме увид во изградбата на новиот мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, каде просторот кој со години беше запуштен и неискористен, многу наскоро ќе стане модерен, функционален и уреден зелен центар за сите генерации. Работните активности се во завршна фаза. Веќе е посадена тревната површина, се поставува хидрантска мрежа за редовно одржување на зеленилото, уредени се патеките и просторот добива лик каков што заслужуваат жителите на Бутел, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Паркот се протега на површина од 8.000 м² и ќе има плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес зони и содржини за сите возрасти.
– Овој парк е само еден од четирите мега паркови ветени во мојата програма. Но, тука не застануваме. Дополнително, предвидуваме изградба на околу 50 мали паркови во сите скопски општини, од кои дел веќе се започнати, со цел секое маало, секој дел од градот и секое семејство да добие свој зелен агол, пишува во објавата.
ПредходнаНајмалку 188 загинати, над 1.500 повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела