дома Свет Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романија премолчено усвои закон за обединување со Република Молдавија.

Предлог-законот за обединување со Молдавија беше поднесен на 14 април годинава од „СОС Романија“ и веќе се смета за усвоен од страна на Домот на пратениците поради истекот на рокот за разгледување на предлог-законот, објави БТА, повикувајќи се на Агерпрес. Сепак, предлогот мора да го разгледа и Сенатот, кој ќе ја донесе конечната одлука.

За време на вчерашната седница на Домот на пратениците, претседателката на седницата, Наталија Интотеро, го спомена предметниот закон, наведувајќи дека предлогот за обединување на Романија и Република Молдавија, бидејќи рокот за дискусија и конечно гласање е истечен, се смета за усвоен.

Според предлог-законот, „романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, што овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“.

„Романскиот парламент одлучува за обединување на Романија и Република Молдавија“, се наведува во законот, истакнувајќи дека „романскиот парламент ја овластува владата на земјата веднаш да започне преговори со властите во Кишињев за финализирање на обединувањето со Република Молдавија“. Во предлогот се наведува дека оваа одлука мора да ја усвои молдавскиот парламент.

По усвојувањето на овој закон и неговото објавување во Државниот весник, надлежните меѓународни тела, владата на Република Молдавија, САД, НАТО, ОН и ЕУ ќе бидат известени за спроведувањето на одредбите од законот, се наведува и во предлогот на „СОС Романија“.

Во образложението на законот се објаснува дека ова отвора пат за преговори за враќање на териториите „насилно одземени од болшевиците со помош на големите сили“.  Покрај тоа, според „SOS Романија“, главните политички сили во Романија и мнозинството во Република Молдавија во моментов посакуваат такво обединување.

Според неодамнешните податоци, големо мнозинство Романци го поддржуваат обединувањето со Молдавија, но, пак, мнозинството Молдавци се против обединувањето со Романија.

ПредходнаФoлĸcвaгeн гo пpoдaвa ĸoнтpoлниoт пaĸeт aĸции вo Еvеrllеnсе зa 7,4 милиjapди eвpa
СледнаСудиите на МКС поднесоа тужба против администрацијата на Трамп