дома Култура СВП : Меѓународно поетско читање „Матине“ во црквата „Света Богородица Перивлепта“

СВП : Меѓународно поетско читање „Матине“ во црквата „Света Богородица Перивлепта“

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата, објавена на македонски јазик ќе биде објавена денеска на прес-конференција.

Со меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот во петок (26 јуни) продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата.

На прес-конференција ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026), „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026), и „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026).

На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2025 до 01.05.2026 година.

Манифестацијата ќе продолжи со поетско читање „Плејади“ и поетски портрети, како и меѓународно поетско читање „Кругови 2“ и „Ноќ без интерпункција“ со читање на поети застапени во антологијата приредена од Иван Џепароски – „Камен и земја“ и читање на поетите во конкуренција за наградата ЕНХАЛОН.

ПредходнаОд 1 јули до крај на август летен режим на сообраќај во Македонија – АМСМ со важна информација
Следна„Скопско лето“ денеска.Изложба, концерт на хорот „Фрида од Македонија“ и претстава на турски театар