Возач на камион загина во сообраќајна несреќа што попладнето се случи на патот Прилеп – Градско. Според првичните информации од полицијата, камионот излетал од патот.

Сообраќајката била пријавена околу 17:30 часот по што сообраќајот беше во целосен прекин, а подоцна Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

– Денеска (26.06.2026) во 17.44 час во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп -Градско, превој Плетвар во близина на село Ореовец товарно моторно возило излетало од патот при што едно лице починало, стои во информацијата од СВР Битола.




