Со натпреварите од последното, трето коло во групите J, K и L денес беше завршена првата фаза од натпреварувањето на Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група (Мексико, Јужна Африка, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, САД, Австралија, Германија, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Јапонија, Белгија, Египет, Шпанија, Зелено’ртски Острови, Франција, Норвешка, Аргентина, Австрија, Колумбија, Португалија, Англија и Хрватска) се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство, како и осумте најдобро третопласирани репрезентации (ДР Конго, Шведска, Гана, Еквадор, Босна и Херцеговина, Алжир, Парагвај и Сенегал).
Од третопласираните репрезентации, Иран, Јужна Кореја, Шкотска и Уругвај не се квалификуваа за нокаут фазата на Светското првенство.
Чешка, Катар, Хаити, Турција, Курасао, Тунис, Нов Зеланд, Саудиска Арабија, Ирак, Јордан, Узбекистан и Панама го завршија натпреварувањето како четвртопласирани репрезентации на Светското првенство.
Првиот натпревар од 32-те екипи на Светското првенство ќе се игра вечерва во 21 часот по средноевропско време во Инглвуд, а ќе се сретнат Јужна Африка и Канада. Други парови од осминафиналето на Светското првенство: Бразил – Јапонија (29 јуни, 19:00 часот, Хјустон), Германија – Парагвај (29 јуни, 22:30 часот, Фоксборо), Холандија – Мароко (30 јуни, 03:00 часот, Монтереј), Брегот на Слоновата Коска – Норвешка (30 јуни, 19:00 часот, Арлингтон), Франција – Шведска (30 јуни, 23:00 часот, Ист Радерфорд), Мексико – Еквадор (1 јули, 03:00 часот, Мексико Сити), Англија – ДР Конго (1 јули, 18:00 часот, Атланта), Белгија – Сенегал (1 јули, 22:00 часот, Сиетл), САД – Босна и Херцеговина (2 јули, 02:00 часот, Сан Франциско), Шпанија – Австрија (2 јули, 21:00 часот, Инглвуд), Португалија – Хрватска (јули 3, 1:00 часот, Торонто), Швајцарија – Алжир (3 јули, 05:00 часот, Ванкувер), Австралија – Египет (3 јули, 21:00 часот, Арлингтон), Аргентина – Зелен ’Рт (4 јули, 00:00 часот, Мајами), Колумбија – Гана (4 јули, 15:30 часот, Канзас Сити).




