За ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН се е јасно и чисто, задоволени се.ВО колицијата сеуште се прпелка ЗНАМ и лиферуваат некакви очелувања иако не се во позиција ниту да се закануваат ниту да бираат , туку сиситемот е земи или остави односно оди си.
КАко што стојат работоте до вторник ќе биде се јасно, односно јавно – кој со кој ресор во Владата ќе раководи, колку министерски места ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, колку ВЛЕН и што ќе биде со ЗНАМ.
Тие прават свој амбиент па велат сите опции се на маса, а се појано е дека ќе го изгубат секторот правда, немаат шанси за МВР, а за возврат треба да одлучат дали ќе прифатат нивен кадар да раководи со Министерството за земјоделство.
– Кога разговарате во политиката, сите опции се на маса. Имате многу предлози, многу размислувања – индивидуални и партиски. Но, ајде да почекаме да се случи конечниот договор бидејќи ние како владини партнери, а тоа го слушам и од Влен, сè уште немаме постигнато конечен договор. ЗНАМ е секогаш подготвен во интерес на поголем просперитет на државата и поголема благосостојба на граѓаните, да дава поддршка на Владата и владината програма, притоа не водејќи се од клиентелистички пристап да инсталира свои кадри во власта. Но од друга страна секогаш е потребно да преземете дел и од одговорноста во власта. Да почекаме и да го видиме конечниот епилог, изјави вчера лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриески.
Димитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција
Вели дека ќе избројат до три, па ќе пресечат што понатаму.
Тој е задоволен од работата на неговите кадри – министерот за јавна администрација Горан Минчев и министерот за правда Игор Филков за кој информаците говорат дека ќе биде сменет.
Министрите од вториот коалициски партнер во Владата – Влен засега не откриваат детали околу реконструкцијата. За денеска тие имаат најавено отчет за сработеното во изминатите две години.
Премиерот Христијан Мицкоски во неговата последна изјава ги оцени разговорите како конструктивни не исклучувајќи ја можноста за промена на ресори.
Мицкоски не ја исклучува можноста да има промена на ресори со реконструкцијата
Кој колку ќе добие или изгуби од владината реконструкција, барем според сегашните најави, ќе се знае во вторник по што предлогот треба да биде испратен во Собранието, а таму, во зависност од тоа колку министри ќе бидат сменети, ќе зависи дали за предлогот ќе се гласа како за реконструкција или како за нова влада.
Имено, во зависност од тоа дали решенијата што ќе бидат предложени ќе бидат една третина од министерскиот состав или само замена на стари со нови министри ќе зависи како ќе се гласа во законодавниот дом. Првиот човек на Собранието Африм Гаши не ја исклучува можноста да се гласа за цела влада во пакет.




