дома Македонија Сали: Шест министерства добива Вреди

Сали: Шест министерства добива Вреди

Шест министерства ќе има Вреди со владината реконструкција. Според денешната изјава на актуелниот вицепремиер и министер за евроинтеграции Беким Сали, Вреди ќе раководи со министерствата за животна средина, економија, правда, култура, евроинтеграции и односи меѓу заедниците.

На министерските места во правда и култура ќе дојдат нови имиња, но според зборовите на Сали, се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие.

– Се уште нема финално име за правда и култура. но тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека добро перформираат во Владата, задоволни сме како Вреди и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не од нашиот, изјави денеска Сали.

Тоа значи дека ЗНАМ би го изгубил Министерството за правда, а ВМРО-ДПМНЕ Министерството за култура. Без позиција во Владата би останал и Иван Стоилковиќ кој сега е вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците.

Од ЗНАМ вчера изјавија дека сите опции се отворени до вторник кога треба да се финализираат разговорите и да се знае пакетот на владината реконструкција.

Димитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција

ПредходнаГ-дин Бист секогаш бара сметка во ресторан по грешка што добро ја запомнил.