дома Бизнис Златото падна под 4.000 долари за унција

Златото падна под 4.000 долари за унција

Цената на златото останува под силен притисок на светските пазари, откако падна под психолошката граница од 4.000 долари за унција – најниско ниво во последните седум месеци.

Пресметано според актуелниот курс на еврото, оваа вредност одговара на околу 114 евра за грам 24-каратно злато. Во одредени моменти од тргувањето, цената се спушти и до 112-113 евра за грам, но таа постојано се менува во зависност од движењата на доларот и глобалните берзи.

Од рекордните 5.594,82 долари за унција, достигнати во јануари, златото изгуби речиси 28 отсто од својата вредност и е на пат да ја заврши четвртата последователна недела со пад.

ПредходнаНовак ја поддржа Македонката Лина: Србија беше во слична ситуација
СледнаФранцускуит идеалист кој му се спротистави на Наполен – Лусиен Бонапарта