дома Македонија Собир утре во чест на Владо Јаневски

Собир утре во чест на Владо Јаневски

     Утре на платото пред арената Борис Трајковски во Скопје со почеток во 20 часот ќе се одржи собир со кој ќе му биде оддадена почит на македонкиот пејач и кантавтор Владо Јаневски кој почина на 66-годишна возраст.

– Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ, велат од Прагма продукција.

Јаневски почина вчера на 66 години по кратко боледување.

ПредходнаСобранието гласаше за Законот за игри на среќа
Следна“Сакам да работам” бара Сиљановска да не го потпишува Законот за игри на среќа