дома Македонија Економија “Сакам да работам” бара Сиљановска да не го потпишува Законот за игри...

“Сакам да работам” бара Сиљановска да не го потпишува Законот за игри на среќа

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ја повикува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за Законот игри на среќа што попладнево го донесе Собранието.

– Мнозинството пратеници озаконија политичко – етнички инженеринг. За задоволување на политички поени во наредните две години 10 илјади работни места постепено ќе бидат жртвувани, што ќе предизвика 35 илјади нови иселеници од Македонија, велат од Здружението во реакцијата испратена до медиумите.
Македонија од денес, во секторот на игри на среќа ја очекуваат многу сериозни предизвици, оценуваат од Здружението посочувајќи дека наместо да го избегнат албанското сценарио, политичките елити одлучиле да го пресликаат.
– Постепеното затворање на легалните објекти за игри на среќа ќе предизвика хаос. Ќе никнуваат играчници на диво по подруми, на државата ќе и се лизга од раце досегашната контрола, младите ќе станат лесна мета на профитери од црниот пазар. Дежурните критичари на игрите на среќа, кои со години водат негативна кампања за овој економски сектор, никогаш нема да преземат одговорност за последиците кои неминовно следат, нагласуваат од Здружението.

ПредходнаСобир утре во чест на Владо Јаневски
СледнаСобранието расправа за Изборниот законик, СДСМ и Левица најавија блокада