дома Македонија Собранието расправа за Изборниот законик, СДСМ и Левица најавија блокада

Собранието расправа за Изборниот законик, СДСМ и Левица најавија блокада

Собранието попладнево ја почна расправата за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда. Тој се носи со мнозинство гласови, но пратениците од власта велат дека сакаат да се донесе со широк консензус. Блокада најавија опозициските СДСМ и Левица.
Собрание               СДСМ, која се повлече од работната група за Изборниот законик, со забелешки на неколку точки кои според нив не се европски и демократски. Според нив, носењето на Изборниот законик е алиби на власта за исполнување на Реформската агенда, а всушност целта е да се направи контролиран систем на гласање на изборите.
Блокада најави и Левица чии претставници учествуваа во работната група, но тоа според претседателот на партијата Димитар Апасиев во никој случај не значи согласност за понудените решенија. Апасиев денеска во Собранието изјави дека работната група не постигнала консензус и дека Левица од самиот почеток барала носење на сосема нов Изборен законик наместо да се носат парцијални решенија.
Како отворени прашања Апасиев ги посочи условите за независните канддати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, финансирањето на изборните кампањи и билбордите и воведувањето на една изборна единица.
Од власта со оценка дека бојкотот е алиби на СДСМ за изборниот дебакл на следните избори.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ за кочење на Реформската агенда, а потегот за бојкот го оцени како алиби за изборниот пораз што би го имале на следните избори.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека не се брза со носењето на Изборниот законик затоа што според нив за измените се разговарало четири месеци.

Предходна“Сакам да работам” бара Сиљановска да не го потпишува Законот за игри на среќа