дома Македонија Литванскиот министер за надворешни работи на средба со Муцунски

Литванскиот министер за надворешни работи на средба со Муцунски

Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис ќе престојува во официјална посета на земјава на покана на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави, соработката во рамки на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

ПредходнаТатко и син, мајка и бебе по 4 дена спасени од урнатините во Венецуела
Следна13 повредени во земјотрес со јачина од 5,5 степени во Кина