дома Свет Столтенберг: И покрај критиките на Трамп, САД остануваат многу зависни од Европа

Столтенберг: И покрај критиките на Трамп, САД остануваат многу зависни од Европа

САД остануваат многу зависни од своите европски сојузници, без оглед на реториката што доаѓа од Вашингтон, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и сегашен норвешки министер за финансии Јенс Столтенберг, цитиран од ДПА.

И покрај постојаните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, одбраната на Соединетите Американски Држави започнува на границата меѓу Европа и Русија, нагласи тој.

Столтенберг истакна дека рускиот полуостров Кола, веднаш преку границата со Норвешка, е дом на еден од најголемите нуклеарни арсенали во светот.

„Ова оружје не е насочено кон Осло – туку е насочено кон Вашингтон и Њујорк . Но, Норвешка помага во следењето на руските подморници кога ги напуштаат своите бази“, појасни тој.

 Тој додаде дека Норвешка, исто така, обезбедува рано предупредување за лансирање ракети и полетувања на авиони.

„Слична е ситуацијата и во Финска, како и во многу други европски земји. Ова е од клучно значење за безбедноста на Соединетите Американски Држави“, нагласи Столтенберг.

Тој призна дека постојат несогласувања меѓу САД и Европа по прашањата за трговијата, климата и безбедноста.

Според него, најважното нешто што Европа може да го направи за да го зачува НАТО е да ги зголеми своите инвестиции во одбраната.

„И токму тоа го правиме. Германија е веќе на пат да стане најголемиот инвеститор во одбраната во Европа“, истакна Столтенберг.

ПредходнаПрстенот ги издаде: Најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам се сврши со 9 години постарата девојка?
СледнаСАД и Иран се согласија да ги запрат нападите