дома Магазин Ѓоковиќ: Беше многу предизвикувачки, Ву заслужува аплауз за неверојатниот настап

Ѓоковиќ: Беше многу предизвикувачки, Ву заслужува аплауз за неверојатниот настап

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва во Лондон изјави дека имал предизвикувачки натпревар против Кинезот Јибинг Ву во првото коло на Вимблдон.
Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон, откако вечерва го победи Ву со 6:4, 5:7, 6:4, 6:4 во првото коло.


„Очигледно е подобро кога победуваш. Не е прв пат да покажам и зборувам за важноста на Вимблдон за мене и мојот живот. Денес беше многу предизвикувачки, а Ву заслужува голем аплауз за неверојатниот настап. Се чувствувам среќен, но не толку свеж. Не се чувствував како да е прво коло, игравме два различни натпревари без покрив и со покрив. Тоа влијае на околностите и влажноста на тревата“, рече Ѓоковиќ по натпреварот.
„Мора да се адаптираш, а тоа не е лесно. Ме стави под одреден притисок, знам дека сака агресивно да ја удира топката, ги удираше линиите и дефинитивно ме изненади со нивото на неговите удари. Форхенд, бекхенд, сервис, немаше слабост, можеби не требаше да го добијам четвртиот сет, но кога играш на оваа подлога и натпревари како овој, сè се решава во неколку поени. За среќа, имам повеќе од 20 години искуство играјќи на овој терен, па се снаоѓам. Би било одлично да комбинирам искуство со младо тело. Се надевам дека сите уживавте на Централниот терен“, додаде српскиот тенисер.

Ѓоковиќ ќе игра во второто коло на Вимблдон против Гркот Стефанос Циципас, кој претходно денес го победи Французинот Уго Гастон со 6-1, 6-4, 6-2 на почетокот на Вимблдон.

ПредходнаКомандантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Скопје
СледнаИзборниот законик нова пречка меѓу власта и опозицијата