дома Македонија Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Скопје

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Скопје

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич денеска е во посета на Северна Македонија.

Во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, тој ќе оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Гринкевич ја има севкупната команда над операциите на НАТО на стратегиско ниво и своите должности ги извршува од седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, Белгија.

Предходна„Нема примирје во сајбер-просторот“: Драстичен пораст на иранските сајбер-напади врз Израел Автор:
СледнаЃоковиќ: Беше многу предизвикувачки, Ву заслужува аплауз за неверојатниот настап