Потпретседателот на САД, Џ.Д. Вeнс, денес изјави дека ставовите на Ватикан за имиграцијата се „загрижувачки“ и дека тој не се согласува со нив.

„Мислам дека некои од работите што произлегоа од Ватикан за имиграцијата беа особено вознемирувачки и на крајот, не се согласувам со нив. Она што имам да им го кажам на католичкото раководство со кое разговарам, а кое не се согласува со нашата имиграциска политика, е, знаете, дека не сум непријателски настроен кон неа. Ги поканувам на разговор, но… исто така ги охрабрувам да запомнат дека масовната миграција има жртви“, изјави Ванс, кој е католик, за Фокс њуз.
Папата Лав XIV претходно изјави дека не ги одобрува мерките на американскиот претседател Доналд Трамп за имиграцијата и ги повика САД „длабоко да размислат“ за „нехуманиот третман“ на мигрантите, објави Ројтерс.
Од почетокот на неговиот втор мандат во Белата куќа, Трамп почна да спроведува драстични мерки против имигрантите, кои некои групи за човекови права ги осудија, велејќи дека тие го кршат правото на правична постапка и создаваат небезбедна средина, особено за етничките малцинства.




