дома Македонија Политика Заврши боледувањето на Лукровски, се враќа на работното место во Општина Карпош

Заврши боледувањето на Лукровски, се враќа на работното место во Општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска се враќа на своето работно место и повторно ќе ги преземе градоначалничките надлежности.

Во изминатиот период, додека Лукровски беше на боледување, со општината раководеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа и да ги извршува тековните обврски.

Неговото враќање става крај на шпекулациите што се појавија во јавноста за можноста Лукровски да се повлече од функцијата, што ќе значеше и распишување предвремени локални избори во Карпош.

Премиерот претходно ги отфрли ваквите наводи, истакнувајќи дека нема основа за такво сценарио и дека станува збор за неосновани шпекулации.

ЗАсега нема одговор од што Лукровски се лечеше два месеца, но јасно е дека нема да има нови избори за градоначалник на општина КАрпош

ПредходнаКратово го „приведе“ универзумот: Книги, џез и космос во магична вечер во стариот турски затвор
СледнаМицкоски: Нема да се кандидирам на следните избори, се враќам на факултет