дома Македонија Мицкоски: Нема да се кандидирам на следните избори, се враќам на факултет

Мицкоски: Нема да се кандидирам на следните избори, се враќам на факултет

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да се кандидира за претседател на државата на следните избори и дека се враќа на факултет. Ја повика опозицијата да гласа за Изборниот законик нагласувајќи дека ќе ги прифати сите нивни предлози освен за електронското гласање на дијаспората.
          – Да им олеснам бидејќи гледам дека во јавноста шпекулираат со тоа дека сум предложил дијаспората да биде вклучена во гласањето, што е природно на електронски начин од следните претседателски избори 2029 година и дека ќе сум се кандидирал, па затоа тоа сум го предложил. Нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата се враќам на факултет меѓу студентите. Нема да се кандидирам за претседател на државата. Немам таква амбиција, ниту желба, само нека овозможат на дијаспората да го оствари своето право на електронски начин почнувајќи од следните претседателски избори, изјави денеска Мицкоски.
Предлогот за електронско гласање на дијаспората што е ставено во измените на Изборниот законик е една од забелешките на СДСМ која стравува дека со тоа може да се направат изборни манипулации затоа што нема заштитни механизми за лицата кои сакаат своето право на глас да го остварат електронски.

ПредходнаЗаврши боледувањето на Лукровски, се враќа на работното место во Општина Карпош