Синоптичарите за денес најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер, а веќе попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има краткотрајно невреме со град.
Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 22, а дневните од 30 до 38 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе се симне до 17 степени, а дневната ќе биде нешто пониска и ќе го достигне 35. степен.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.




