Претседателските избори во Франција ќе се одржат на 18 април 2027 година, првиот круг, а на 2 мај 2027 година, вториот круг, објавија француските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање.

„Датумот на претседателските избори беше едно од прашањата што француската влада сè уште не ги реши. Кандидатите и нивните тимови беа нетрпеливи, но одлуката сега е донесена. Претседателските избори ќе се одржат во недела, 18 април и 2 мај 2027 година, првиот и вториот круг. Овие датуми ќе бидат официјално објавени во среда на Советот на министри (состанок на владата)“, изјави неименуван извор за веб-страницата на Ouest France.
За регионалниот дневен весник беше потврдено дека се разгледуваат две опции – 11 и 25 април или поместување на датумот за една недела, што е опцијата за која на крајот се одлучи француската влада.




