дома Живот Здравје Двајца Холанѓани во кома откако инјектирале лажни лекови за слабеење

Двајца Холанѓани во кома откако инјектирале лажни лекови за слабеење

Две лица паднале во кома откако си инјектирале лажни лекови за слабеење купени преку интернет, објави NL Times.

Двајца Холанѓани во кома откако инјектирале лажни лекови за слабеењеПо инцидентот, лекарите издадоа предупредувања и советуваа да не се купуваат пенкала за инјектирање од онлајн страници или социјални медиуми.

Еден од корисниците на лажниот лек е 54-годишен маж од Девентер , кој претходно користел пенкала за слабеење препишани од лекар, но потоа се свртел кон интернет поради недостаток на лекот.

Втората жртва  била 47-годишна жена која била примена во болницата во Дордрехт приближно во исто време.

И двајцата си инјектирале лекови за слабеење нарачани преку интернет, а потоа паднале во кома.

Лабораториските тестови покажаа дека пенкалата не содржеле активни состојки за слабеење, како што е семаглутид. Наместо тоа, тие биле наполнети со инсулин.

Случајот се совпаѓа со загрижувачкиот пораст на нелегалните активности поврзани со лекови за слабеење низ целата земја. Холандскиот национален информативен центар за отрови (NVIC) објави дека случаите на труење со инјектирани лекови за слабеење речиси се дуплирале на 149 случаи годишно.

Глобалниот недостиг на популарни GLP-1 лекови како што се Ozempic и Wegovy доведе до тоа стотици илјади потрошувачи да се свртат кон непотврдени онлајн продавници, социјални медиуми и нелегални трговци.

Лековите за слабеење се достапни само со рецепт и мора да се купат строго од лекар и лиценцирана физичка или дигитална аптека.

Лекарите советуваат луѓето внимателно да ја проверуваат амбалажата. Фалсификуваните производи честопати имаат несовпаѓачки сериски броеви, правописни грешки, неорганизирани етикети или странски текст што не е наменет за локалниот пазар.

ПредходнаАнкета: Довербата на Европејците во Трамп нагло опадна
СледнаНафтата позитивно реагира на добрите вести од Катар