Скопје ги брои штетите од вчерашното невреме кое поплави станбени објекти, сообраќајници и предизвика отежнато движење во делови од градот.
Центарот за управување со кризи информира дека најголем број пријави се однесуваат на поплавени станбени објекти, подруми, гаражи и сообраќајници. Како најкритични подрачја се издвојуваат Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром.
Според ЦУК, поплавени биле два подвозника, три кружни тека, два деловни магацини, како и повеќе подрумски простории, гаражи и станбени објекти. Поплавени се и подрумот, гаражите, холот и амфитеатарот во Македонската академија на науките и уметностите.
– Состојбата континуирано се следи, а екипите интервенираат на терен според степенот на приоритет и ризик, велат од ЦУК.
Се повикуваат граѓаните кои претрпеле штети од невремето да поднесат барања до општинските комисии за процена на штети.



