дома Македонија Политика Мицковски ја разјасни дилемата. Нема да биде претседател туку само премиер, се...

Мицковски ја разјасни дилемата. Нема да биде претседател туку само премиер, се додека победува!

Немам амбиција да се кандидирам за претседател на државата, но како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на следните парламентарни избори, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

– Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, 5, 10 години. Ќе треба овие кои што се уплашени од мене, а кои што континуирано ги гледам како ми претскажуваат некаков крај, да се потрудат малку повеќе, за тоа да трае малку пократко. Јас пак од друга страна ќе се потрудам малку повеќе за тоа трае подолго. Што подразбира тоа? Тоа подразбира дека планирам убедливо како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да предводам кон уште една огромна парламентарна победа во која што задоволен би бил доколку успееме на тие избори да го подобриме резултатот од тој кој што го имаме пред повеќе од 2 години – рече премиерот во гостување на ТВ Сител.

Имам уште многу работи да направам и за граѓаните и за државата бидејќи од оваа улога можам точно да видам што е она кое што боло погрешно направено изминатите децении, додаде тој.

Тој вечерва повика во Изборниот законик да се најде начин дијаспората да гласа, електронски или преку писма, со цел да се зголеми излезноста на изборите, а правото на гласање да се оствари на наједноставен начин.

Отворени сме, посочи, уште денеска, утре, да разговараме за сите модалитети.

 Тој вели дека не знае зошто се случи флибастеринг на Изборниот законик од СДСМ и од Левица, иако се било договорено.
ПредходнаВласта е по секоја цена ЗА гласањето на дијаспората, опозицијата обвинува за изборна кражба-нема договор!