Времето утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, соопшти УХМР.
Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.
Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.




