Општина Чаир, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, синоќа реализираше акција за миење на главните сообраќајници на територијата на општината, со цел отстранување на наносите и нечистотиите што останаа по невремето, информира локалната самоуправа .
На терен беа ангажирани две цистерни на ЈП „Комунална хигиена“, кои ги исчистија најфреквентните сообраќајници, со цел враќање на чистотата и функционалноста на улиците.
Општина Чаир, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, ќе продолжи и во наредните денови со слични активности, согласно потребите утврдени на терен.
Ваквата најава укажува дека ова нема да биде редовна пракса , туку само за инцидентни сосотјби, иако според градските служби и пракси миење улици треба да биде редовна постпака во интерес на граѓаните и чиста и здрава животна средина. НА ваквите здрави навики се сеќаваат повозрасните граќани дека во лето тоа беше редовно во секоја општина




