„Факт е дека мора да го зголемиме вкупниот обем на работа“, рече Фрај за RTL/ntv во врска со планот на владејачката коалиција.
Христијанските демократи (CDU/CSU) и социјалдемократите (SPD) сакаат да ја извлечат Германија од економската криза со сеопфатен пакет реформи. Една од мерките е укинување на можноста за отворање боледување преку телефон, без одење на лекар, што е пракса уште од пандемијата.
Во иднина, потврдата за привремена неспособност за работа ќе треба да се достави веќе на првиот ден од болеста.
„Се враќаме на условите што важеа пред коронавирусот и сметаме дека ова е разумно, бидејќи е јасно дека ако некој е болен, таа болест мора да се потврди“, рече политичарот.
Општите лекари, додаде тој, многу добро се справувале со таква ситуација и претходно.
„Затоа верувам дека така ќе биде и во иднина“, рече Фрај, член на ЦДУ чиј лидер е канцеларот Фридрих Мерц.
Фрај изрази верување дека оние кои се навистина болни ќе се обидат да обезбедат потврда за болест.
Факт е, вели тој, „дека особено на почетокот на неделата и пред викендот, бележиме многу денови на боледување, а тоа, според мене, не може да се објасни медицински“.
Со тоа, како што нагласи, не имплицира никого, само ги гледа бројките. Ако некој е болен, додаде тој, „најнормалната работа на светот е“ да добие сертификат за тоа.




