дома Македонија На 13 јули закажана седницата за избор на новите министри

На 13 јули закажана седницата за избор на новите министри

На 13 јули (понеделник) ќе се гласа за новите министри на Владата откако претходно на истата пленарна седица ќе бидат разрешени старите министри. Седницата е закажана во 11 часот.

Собранието ќе треба да гласа за новите осум министри – Јетон Шасивари за правда, Агрон Ферати за односи меѓу заедниците, Седат Сулејмани за култура и туризам, кој досега ја извршуваше функцијара заменик-министер, сите тројца од ВЛЕН. Од ЗНАМ на чело на Министерството за земјоделство ќе застане Борче Серафимовски, а од ВМРО-ДПМНЕ предложени се Сашо Клековски за здравство, Ѓоко Велковски за социјална политика кој досега беше заменик-министер и Ерџан Демир за министер без ресор задолжен за интеграција на Ромите, а Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите, кој досега беше за односи меѓу зедниците, е предложен за министер за локална самоуправа.

Со реконструкцијата треба да бидат разрешени министерот за правда Игор Филков, министерот за земјоделство Цветан Трипуноовски, министерот за здравство Азир Алиу, министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за социјална политика Фатмир Лимани, министерот за култура Зоран Љутков и министерот за ресор Шабан Салиу.

На министерското место за добро владеење нема да биде назначен нов кадар откако оставка си даде Арбен Фетаи. Овој ресор, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски, сега ќе потпадне под Кабинетот на премиерот.

 

ПредходнаБожиновска: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна економија – одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за успех