дома Свет Балкан Почнуваат судирите.Албанската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите пред парламентот

Почнуваат судирите.Албанската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите пред парламентот

 Албанската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера антивладините демонстранти собрани пред парламентот во Тирана, откако демонстрантите фрлаа јајца и брашно врз полицајците и пратениците, објави Ројтерс во четврток.  

Според албанските медиуми, во судирите се повредени тројца полицајци и еден демонстрант. 

Демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот пред почетокот на седницата. Кога пратениците влегоа во зградата, некои од толпата фрлаа јајца врз нив и јајца и брашно кон полицијата. Потоа полицијата интервенираше со водни топови и солзавец за да ги растера демонстрантите.

Бранот протести започна пред повеќе од еден месец поради планираната изградба на луксузен туристички комплекс што го развива зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, но набрзо прерасна во пошироко противење на градежните проекти долж албанскиот брег.

„Протестираме затоа што сакаме транспарентност. Сакаме да ја заштитиме нашата природа. Владата е корумпирана“, рече демонстрантот Аслан Догјани.

Протестите претставуваат нов предизвик за премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013 година. Дел од јавноста ја обвинува неговата влада дека не успеала да се бори против корупцијата и недоволниот квалитет на јавните услуги, вклучително и здравствениот систем.

Рама објави на социјалната мрежа X дека „прекрасниот протест за граѓанство, патриотизам и чистота сега му отстапи место на стариот филм за конфликт, раздор и насилство“.

Порано оваа година, Албанија беше обележана и со насилни протести, за време на кои демонстрантите бараа оставка од тогашната вицепремиерка Белинда Балука поради наводна корупција. Балука оттогаш е разрешена од должноста, но недовербата кон властите останува.

Протестот на граѓаните во Тирана, кои, меѓу другото, бараат оставка од албанскиот премиер Еди Рама, се одржа синоќа по 33-ти пат .Организаторите најавија нов протест за сабота.

ПредходнаЈавна расправа за еколошката дозвола на Цементарница УСЈЕ
СледнаВенецуела се брани од критики по силните земјотреси. 2600 загинати и 38500 исчезнати