дома Македонија Јавна расправа за еколошката дозвола на Цементарница УСЈЕ

Јавна расправа за еколошката дозвола на Цементарница УСЈЕ

За денеска во 14 часот е закажана јавна расправа за постапката за издавање на новата А-интегрирана еколошка дозвола за Титан Усје.

– Јавната расправа претставува единствена можност институциите, компанијата, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните јавно да ги изнесат своите аргументи и забелешки за условите под кои цементарницата ќе може да работи во наредните 7 години. Станува збор за процес што директно влијае врз идните обврски на компанијата во однос на контролата на загадувањето, мониторингот и заштитата на животната средина, велат од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“.

Оттаму велат дека фабриката бара обновување на дозволата по старите стандарди со што се загрозува квалитетот на воздухот во главниот град.

Во организација на оваа граѓанска иницијатива неколкупати досега беа организирани протести.

Министерот за животна средина Муамед Хоџа неодамна во телевизиско интервју изјави дека новата дозвола на Цементарница Усје ќе биде целосно усогласена со новиот закон за индустриски емисии и построги европски еколошки норми.

ПредходнаЕвропските членки на НАТО ги пополнуваат празнините оставени од САД – анонимен извор
СледнаПочнуваат судирите.Албанската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите пред парламентот