Изборниот законик има добра законска основа, останува да се усогласат модалитетите и да се донесе со консензус, оценува евроамбасадорот Михалес Рокас.
ОДИХР и Европската Комисија дадоа позитивна оценка. Она што останува да се усогласи се модалитетите. Разбирам дека постојат несогласувања, но чувствувам дека постои добра волја тие да бидат надминати. Парламентарната комисија веќе работи и се надевам дека партиите ќе седнат и ќе постигнат консензус за ова чувствително прашање, изјави денеска Рокас.
Измените на Изборниот законик остануваат заглавени во Собранието. ВМРо-ДПМНЕ се согласува за сите забелешки од опозицијата освен за електронското гласање на дијаспората кое пак е едно од спорните точки за опозицијата која смета дека со тоа се спремаат изборни злоупотреби.




