дома Локално Ангелов: Изгоре куќа во Бучиште, пожарот се шири кон селото Ратавица

Ангелов: Изгоре куќа во Бучиште, пожарот се шири кон селото Ратавица

Сериозен пожар попладнево го зафати пробиштипскиот регион, ширејќи се на отворен простор меѓу три локални села. Огнената стихија започнала на потегот меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино, по што сите расположливи сили биле упатени на терен.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека во селото Бучиште пожарот е веќе локализиран.

Сепак, огнот зад себе остави материјална штета, при што во ова село има една изгорена куќа.

Иако состојбата во Бучиште е ставена под контрола, нов бран од пожарот веќе се префрла кон соседното село Ратавица.

 

ПредходнаРокас: Изборниот законик е добар, остануваат модалитетите и носењето со консензус
СледнаВиола Имери заминува во Париз како победничка на првата награда „Роксан Стојанов“