дома Македонија Политика „Мицкоски пoвторно лаже, сега и за Изборниот законик“, велат од СДСМ

„Мицкоски пoвторно лаже, сега и за Изборниот законик“, велат од СДСМ

 

СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски повторно ја манипулира јавноста, овојпат со тврдењата поврзани со измените на Изборниот законик и гласањето на дијаспората.

Од партијата велат дека не е точно оти дијаспората нема право на глас, посочувајќи дека македонските државјани кои живеат во странство и сега гласаат според важечките законски правила.

Според СДСМ, предложените измени се однесуваат на изборниот процес во 2029 година, а нивната вистинска цел, како што тврдат, е создавање услови за можни злоупотреби преку електронското гласање.

„Додека граѓаните кои гласаат во државата минуваат низ строга процедура за идентификација, Мицкоски предлага модел без соодветни механизми за контрола, што отвора простор за злоупотреба на околу 200.000 гласови од дијаспората“, наведуваат од СДСМ.

Во партиското соопштение се обвинува и дека Мицкоски често дава, како што велат, контрадикторни изјави и потсетуваат на негови претходни ставови за Преспанскиот договор, економските политики и најавите за негово повлекување од политиката.

Од СДСМ додаваат дека ќе продолжат да се спротивставуваат на, како што оценуваат, обидите за манипулација со изборниот процес и порачуваат дека „вистината и правдата ќе ја вратат власта во рацете на граѓаните“.

ПредходнаЦипрас бара помалку отстапки од Грција кон САД