дома Свет Родригез: Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела се искачи на 2.645

Родригез: Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела се искачи на 2.645

– Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се искачи на 2.645, изјави денес претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.


Родригез во обраќање на државната телевизија рече дека земјотресите, според моменталните податоци, повредиле 12.666 лица и дека 6.462 лица се спасени, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE.
На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди, при што крајбрежната држава Ла Гваира и главниот град Каракас беа најтешко погодени.
По овие два разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со помал интензитет, од кои еден беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

ПредходнаВучевиќ најавува избори на есен: СНС сè уште нема претседателски кандидат
СледнаТрамп ги отвори прославите за 250-годишнината од американската независност на планината Рашмор