дома Македонија Два нови пожари – над селото Белица на границата со Јасен и...

Два нови пожари – над селото Белица на границата со Јасен и над филтер станицата во Штип

Два нови пожари попладнево избувнаа во општина Македонски Брод и општина Штип. Едниот пожар е над селото Белица во Македонски Брод, а вториот помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата во општина Штип.

Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарот над селото Белица на границата со Јасен е релативно мал, но е на исклучително тешко пристапен терен, а во пожарот во Штип зафатена е борова шума.

ДЗС информира дека во гаснењето на пожарот над селото Белица ќе полетаат два ер трактори, а пожарот во Штип засега го гаснат пожарникари од Противпожарната бригада во Штип, а се очекува помош и од неколку доброволни противпожарни друштва.

 

ПредходнаНаместо електронско гласање на дијаспората, гласање преку пошта – нов предлог за Изборниот законик