дома Македонија Два нови случаи на напади врз малолетници, овојпат во Шуто Оризари

Два нови случаи на напади врз малолетници, овојпат во Шуто Оризари

Министерството за внатрешни работи регистрира два нови случаи на физичко насилство врз малолетници. Двата одвоени случаи се случиле вчера во Шуто Оризари.

Според информациите од дневниот полициски билтен, во едниот случај со остар предмет повреден е 12 годишник од друг малолетник, а во вториот случај малолетник бил нападнат со остар предмет од четворица други малолетници.

– На  03.07.2026 во 14:53 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје e пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје. Според пријавеното, повредите му ги нанел друг малолетник истиот ден околу 13:00 часот, на подрачјето на Шуто Оризари. Во врска со истиот случај, на 03.07.2026 во 23:55 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(36) од Скопје пријави дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, а еден од нив му нанел повреда со остар предмет, информира денеска МВР.

Ова се два нови случаи за краток период по случајот со малолетникот кој беше повреден со остар предмет од три други лица во паркот во Чаир, како и случајот со физичко насилство врз малолетничка во Аеродром.

Зачестеноста на врсничкото насилство ја наметнува потребата од поголема ефикасност на институциите за целосно расчистување и правна разврска на случаите и секако построги казни за сторителите и нивните родители.

ПредходнаКој е голманот што го воодушеви светот на Светското првенство во 2026 година?
СледнаПремиерот не открива кој ќе биде назначен за секретар за добро владеење