Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција оцени дека блокадата на новиот Изборен законик е резултат на долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за зачувување на изборниот модел што, според него, нив им носи најголема корист, стои во соопштението на Левица.

Сега немаме нов Изборен законик, затоа што од самиот почеток имаше заговор тој воопшто никогаш да не се донесе. Триесет години партиите ви ветуваат една изборна единица. Нема ништо од тоа.
На втори избори по ред Левица, партијата која не е финансирана од олигархијата, повторно ќе биде исклучена од можноста да настапува фер. Партијата во криза, СДСМ, ќе направи сè, ќе игра со ѓаволот, ќе игра со Мицкоски, за да остане истиот Изборен законик под опасноста од целосен крах на следните избори.
ВМРО-ДПМНЕ игра со СДСМ за да се задржи истиот баланс.
Ние сме подготвени под било кои услови да учествуваме на изборите и да ви зададеме удар каков не очекувате“, велат од Левица.




