Русија ѝ предлага на Украина да ги прекине борбите околу Константиновка и да ги предаде телата на војниците на украинските вооружени сили кои загинаа бранејќи го градот, напиша Би-Би-Си.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да го стори тоа во понеделник од 12 до 18 часот по московско и киевско време. Руското Министерство за одбрана соопшти дека очекува одговор од Украина до пладне во недела.
Москва продолжува да тврди дека го освоила Константиновка , голем град и важно упориште во одбраната на преостанатите области контролирани од Украина во северниот дел на Донецката област. Не се обезбедени докази за ова.
Украинската команда ги побива овие тврдења, нагласувајќи дека руските генерали често известуваат за неуспешни освојувања. Сепак, украинските вооружени сили признаваат дека ситуацијата во Константиновка е комплицирана и дека руските војници продираат во градот во мали групи.




