Според резултатите од оценувањето, најзначаен е пласманот на АЛКАЛОИД меѓу најдобрите 3 % од оценетите компании во индустриската категорија „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“
АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признание АЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци.
Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35 % и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД на одржливиот развој, одговорното работење, транспарентноста и континуираното унапредување на деловните практики. Ова признание дополнително ја потврдува зрелоста на системскиот пристап на компанијата во имплементацијата на ESG-стандардите и ја зајакнува довербата кај нејзините меѓународни партнери и соработници.





