дома Македонија Новинарите добиваат нов Кодекс усогласен со современите предизвици

Новинарите добиваат нов Кодекс усогласен со современите предизвици

Во Јуроп Хаус денеска ќе биде презентиран новиот Кодекс на новинари во кој е направена ревизија на постојните одредби и се воведуваат нови стандарди кои одговараат на дигиталната евра и новите форми на известување.

Иницијатива за измена и дополнување на Кодексот на новинарите, како една од носечките активности во рамки на проектот „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, била спроведена низ инклузивен и повеќефазен процес, со цел унапредување на етичките стандарди во новинарството и нивно усогласување со современите медиумски предизвици.

– Финалното решение се базира на широка консултација со новинарската заедница. Во таа насока беа одржани повеќе работилници и консултативни средби со новинари, уредници и медиумски работници од различни делови на државата, при што се собрани практични предлози и искуства од терен, велат од ЗНМ и МИМ.

Предходна3.535 мртви и над 16.700 повредени во земјотресите во Венецуела
СледнаДводневниот самит на НАТО во Анкара започнува денес, фокусот е на повисоките трошоци за одбрана